петок, 20 април 2018 | Вести денес: 56 ново

Како се снаоѓа Тијана кога ќе ја навредат глупави новинарски прашања (ВИДЕО)

Македонската пејачка Тијана Дапчевиќ неодамна на прашањето на новинарот дала крајно необичен одговор, пишува српски „Курир“.

Имено, дамата позната по остриот јазик и раскошниот глас, изговорила неколку реченици на сметка на хрватската пејачка Северина Којиќ, но не сме сигурни дека на убавата сплиќанка истите ќе и се допаднат.

На Тијана Дапчевиќ не ѝ се допаднало кога ја прашале да го искоментира работењето на својата колешка Северина, поради што веднаш почувствувала потреба работите да ги постави на свое место и да им објасни на сите дека тие не биле, ниту ќе бидат колешки.

Кога новинарите ја запрашале Тијана, која поради неодамнешното учество во ТЛЗП е во центарот на вниманието на јавноста, за мислење за колешката Северина, таа се „збунила“.

– Како тоа моја колешка? Дали таа завршила Музичка академија? Не завршила. Како тогаш може да биде моја колешка – истакнала популарната Тијана.

Сепак, малку подоцна Тијана ја пофалила Северина.

– Таа, пред се, е одличен забавувач, а не пејачка – заклучила Тијана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top