петок, 20 април 2018 | Вести денес: 56 ново

Политичари се скараа за Цеца – се возела со државниот хеликоптер или не? (ВИДЕО)

Партијата за демократски прогрес ја обвини Владата на Република Српска дека на 31 декември и 1 јануари на Светлана Ражнатовиќ за лични потреби ѝ бил даден хеликоптер што е во директна надлежност на кабинетот на претседателот Додик. Од партијата се повикуваат на фотографија на која Цеца патува со хеликопетрот за да настапи на новогодишната ноќ во ноќен клуб во сопственост на човек близок до претседателот Милорад Додик.

Од Владата одговараат дека Цеца се возела во хеликопетрот во знак на благодарност бидејќи дел од парите од настапот ги поклонила во хуманитарни цели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top