сабота, 21 јули 2018 | Вести денес: 13 ново

Гери Олдман сам испушил 34.000 евра (ВИДЕО)

Познатиот англиски актер Гери Олдман ја толку улогата на некогашниот британски премиер Винстон Черчил во филмот „Најмрачниот час“ (“Darkest Hour”). Познат е дека неверојатно темелно ги подготввуа улогите, сепак, темелната подготовка за овој филм имала висока цена – 30.000 фунти, односно малку помалку од 34.000 евра.
„Најмрачниот час“ е драма со тема од Втората светска војна, на чиешто снимање 59-годишниот актер морал секојдневно да минува 4-5 часа во шминкање за што повеќе да личи на Черчил.

Неизоставно, кога се работи за Черчил, секако се цигарите, односно пурите, без кои не се појавувал премиерот. Буџетот за филмот потрошен за пурите на Черчил, всушност, е поголем од платата на некои актери во филмот.
-Не пушам веќе, заработив никотинско труење. Пушев по 12 пури дневно. На нив, за снимањето, е потрошено околу 30.000 фунти. Една цигара чини околу 50 фунти (~56 евра). Имав стомачни проблеми три месеци додека се снимаше филмот. Имавме пауза за Божик, сите китеа елка и купуваа подароци, а јас бев на колоноскопија. Тоа беше мојот подарок за Божик, вели Олдман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top