понеделник, 23 април 2018 | Вести денес: 85 ново

Полицајците во Охрид како Дедо Мраз: Даваа подароци на туристите

Охридската полиција денеска подаруваше новогодишни лампиони и мирисливи стикери со превентивни сообраќајни пораки на сите туристи кои пристигнаа во градот.

Целта на оваа кампањае да се предупредат граѓаните да возат внимателно, да не конзумираат алкохол и да не навлегуваат во конфликти во текот на Новогодишните празници.

-Ова е една превентивна кампања која што  еве традиционално повеќе години ја реализираме. Оваа година кон оваа активност се вклучи и општинскиот Совет за безбедност во  сообраќајот  кој што на сите охриѓани и туриси ќе им додели миризливи стикери со пораки за безбедно управување со патничките автомобили, изјави  Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

 

извор:прес 24

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top