недела, 19 август 2018 | Вести денес: 52 ново

Бугарија ќе претседава со Европската унија

Бугарија денеска го презeма ротирачкото претседателство со Европската унија во наредните 6 месеци.

Бугарија ќе биде домаќин на 300 состаноци, од кои на 30 ќе присуствуваат шефови на држави и влади на земјите на ЕУ. Една од најзначајните средби ќе биде ЕУ-Западен Балкан, кој ќе се одржи во мај.

Програмата на претседателството oпфаќа околу 1500 состаноци и состаноци на највисоко ниво во Брисел и Стразбур. Официјалното бугарско претседателство ќе биде отворено на 11 јануари во Националниот театар “Иван Вазов”, а потоа ќе се одржи првиот голем самит.

За периодот од 1 јануари до 1 јули Бугарија се очекува да ја посетат 25 000 гости.

Вториот дел од подарок вклучува монети, поштенска марка, брендиран пакет со бугарска лаванда и други.

Претходно бугарските политичари потенцираа дека фокусот ќе им биде Западен Балкан.

Софија се потруди да најде и „своја тема“ која ќе ја истане за време на шестмесечното претседавање со ЕУ, а тоа е европската иднина на Западниот Балкан каде Бугарија би можела да биде драгоцен посредник.

За емиграцијата, Софија ќе се обиде да ги отстрани разликите меѓу источна и западна Европа и ќе бара консензус пред јули 2018, кога претседавањето го презема Австрија која се залага за значително построга емигрантска политика.

Податоците на Галуп интернешнал, покажуваат дека 62% од Бугарите веруваат во ЕУ, што е пораст од 12% во однос на декември 2016 година. 55% од жителите се со став дека Софија успешно ќе претседава со ЕУ, што би требало да им донесе дополнителен бонус за пристап до еврозната и Шенген.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top