вторник, 23 октомври 2018 | Вести денес: 86 ново

Нова криза на Балканот: Ерјавец: Хрватската полиција го крши суверенитетот на Словенија

Словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец изјави дека хрватската полиција, придружувајќи ги савудријските рибари, го прекршила словенечкиот суверенитет со влегување во водите на Пиранскиот залив, кој Арбитражниот суд и го додели на Словенија.

– Хрватската полиција го крши словенечкиот суверенитет. Недозволиво е странски државен орган, без дозвола, да спроведува одредени активности во нашето море, изјави Ерјавец за ПОП-ТВ.

Поради најавите од страна на Љубљана дека парично ќе ги казни хрватските рибари од Савудрија, кои традиционално ловат во заливот, кога ќе влезат во подрачје за кое арбитрите пресудија во корист на Словенија, хрватската полиција ги придружуваше рибарите до средина на заливот.

Љубљана смета дека тоа е инцидент и најверојатно се подготвува за тужба против Хрватска пред судот во ЕУ, наведува хрватската новинска агенција ХИНА.

– На тој начин ќе се обиде да докаже дека Хрватска не го почитува европското и меѓународното право, ниту арбитражната пресуда, рече Ерјавец и додаде дека Љубљана има „доволно материјал за тужба“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top