вторник, 23 јануари 2018 | Вести денес: 125 ново

Оберсдорф: Штох победи на првата од четирите скокалници

Камил Штох победи на натпреварот во Оберсдорф со кој традиционално започнува новогодишната турнеја „Четири скокалници“ во рамките на Светскиот куп во ски-скокови.

Полскиот натпреварувач беше четврти по првиот скок, но во вториот стигна до 137 метри, со што триумфираше на скокалницата во Германија.

Домашниот миленик Рихард Фрајтаг го освои второто место, додека Давид Кубицки од Полска го комплетираше победничкиот пиедестал за доминација на неговата земја на првиот од четирите натпревари.

Турнејата продолжува во Гармиш-Партенкирхен на првиот ден од новата 2018 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top