недела, 24 јуни 2018 | Вести денес: 1 ново

Крвта на патриотите не е за мешање кал

Ламбе Арнаудов, колумнист

Низ многувековниот гибел на мојот храбар, честит и непорочен народ крвта на патриотите се пролевала постојано и насекаде низ целата наша татковина. Ја потопувала црната земја, ги поцрвенувала белите каменишта, во потоци течела низ црните кремења и сивите калдрми, штедро ги поливала сувите чукари. Но, никогаш, ама баш никогаш со ништо не се помешала. Останала чиста, скапоцена и благородна. Затоа што само таква можела да послужи за она што судбински однапред била предодредена. Дрвото на слободта на Македонија да се залева со кртва на патриотите за никогаш да не се исуши.

Погледајте денес господо од власта, на што ја трошите крвта на патриотите!? Да го полевате и наводнувате најтешкиот и најцрн облик на тероризам – државниот тероризам. Најтежок затоа што е многу јак, суров, несразмерно надмоќен, организиран од многу луѓе, богато опремен со најмодерна техника и технологија, заштитен од сите државни, правосудни, законодавни и институциите на извршната власт, наспроти немоќните и невини поединци кои немаат никаква шанса и можност да се одбранат.

Најцрн затоа што терористите од овој вид секогаш остануваат неказнети за своите злодела, освен по некоја лустрација или самоказнување во редок наплив на грижа на совест. Нашиот православен човек, верен христијанин дури и се моли нивните грешни души да не ги стигне Божјата казна.

Затоа во оваа нерамноправна пресметка на силната држава против немоќниот поединец секогаш ќе застанам на страната на поединецот.

Ако продолжите со ваква жестокост да ја трошите крвта на патриотите, чија крв потоа ќе ја пролевате? На кукавиците !? За што таа ќе ви послужи? Нивната крв е зла, високоотровна и кај ќе падне све ќе исуши.

Посакуваме членство во НАТО. Кој војник од Алијансата ќе сака кукавица за соборец или уште полошо – Не Дај Боже, да се остварат црните но реално остварливи прогнози за нова многу поголема апокалиптична дестабилизација на земјите од Западен Балкан. Со кого ќе се бориме и како ќе се одбраниме? Со кукавици!? Не така одамна овој сој го видовме на дело. Место да ја бранат својата загрозена татковина тие масовно заминаа да го освојуваат Егејот до заби наоружани со сламени шешири, очила за сонце, заштитни кремови, костими за капење и други летни реквизити.

Настрана од ова, патриотска крв што ќе се пролева за Татковината секогаш ќе има во доволно количество. Тоа е ИСКОН. Но, проблемот е во тоа што ниедна капка крв нема каде да падне а веќе таа земја да небиде оросена, натопена или преплавена од оваа скапоцена течност. Напатената страдна земја македонска неможе повеќе да ја прими. Презаситена е од крвта на своите синови патриоти.

Возљубени вмровци сега како никогаш досега ви е неоходно потрбно единство и сплотеност. Судбоносно високиот степен на предизвик со кој сте соочени бара од сите вас храбро, мудро и достоинствено да го совладате на начин и во корист на сите луѓе што тоа од вас со право го очекуваат, а и на задоволство на сите граѓани на РМакедонија. Притоа, чувствувам за потреба да ви упатам еден пријателски и добронамерен совет, се надевам дека нема да се налутите. Сега е моментот и затоа Ве молам добро, добро да го проучите, изанализирате, умно да го разберете и правилно да го протолкувате феноменот наречен Груевизам. Трпеливо, истрајно, длабински и максимално реално, ќе ви биде од голема корист за неопходното заедништво. Да не дозволите непријателите на Никола Груевски, ВМРО и Македонија пресликани во ликовите на СДСМ која е историска аномалија на македонското општество, разни врховни, многубожни жреци и сега повампирени ситни племенски врачеви на кои им се придружија неуспешните лабароториски експерименти на згура реформаторите, ножевите и ножињата за среќа `рѓосани, тапи и изабени од долгото криење во каниите далеку од очите на јавноста, на вмровците и Лидерот и останатите борџиски вештери и вештерки да ги палат и гаснат вашите патриотски, идеолошки, партиски и државни чувства и убедувања. Не заради што се сомневам во вас, туку затоа што го познавам нивниот ментален склоп. Се здружиле слаби, послаби и најслаби против јакиот. Да не беше така нема да се здружеа. Не им верувајте на нивните крокодилски солзи за судбината на ВМРО, лажни се како солзи на дете и старец на кои никој не верува. Тие кои денес бликаат со лажни грижи и ви кажуваат какво ВМРО ДПМНЕ сакаат и колку ВМРО треба сега да се разликува од времето на Никола е само скриена пуста желба од ВМРО да нема ни трага ни глас. Нивното лигавење е само вешто поставена стапица за вас, за партијата и за Македонија, нагазна мина што треба да ве разнесе. Посакуваат дури нешто полошо – декоративно ВМРО, кое наместо да ја игра својата доверена историско заветна улога, да биде преторијанска гарда на Македонија и македонскиот народ, да се претвори во ВМРО што сега ќе расправа за многу важни и клучни прашања и проблеми од интерес на Македонија, како на пример: Дали делфините кои се единствени цицачи кај рибите кога ќе стекнат полнолетство ќе можат да пијат вино?

Да помогнам и да недолжам – феноменот Груевски во следниве сто години нема да се повтори. За 14 години раководење со Партијата, 10 пати надмоќно да го победиш својот политички противник и како Премиер да постигнеш такви резултати на економски, социјален, политички и безбедносен план и притоа да бидеш столб на одбраната на државните интереси, името, идентитетот, јазикот, историјата и народот е дострел за највисока почит. Сите подеднакво, и вистински почитувачи на неговото дело и оние медиокритетите кои го мразат кога ќе го видат на слика на ТВ или во живо, сите од ред посакуваат да личат на НЕГО. Како бесни пци ќе пиштат, ќе цвичат и ќе лаат овие другиве дека не е така ама длабоко во себе сите ќе признаат дека е. Тоа е исто како некој петтокласен фудбалер да не сонува деке може да биде Роналдо. Роналдо пет победи најдобар за 20 години, Никола Груевски десет победи за 14 години.

Почитувани Вмровци, со Референдум или без Референдум, со вистински стројници, сватови и кумови или колџии, сејмени и разбојници, 2018 година се подготвува да биде година во која преубавата млада невеста од чичко Митко Врапчето ќе биде погребана. Иронијата е во тоа што власта и нејзините темни сателите подржани од меѓународната заедница Погребот сакаат да ни го прикажат како весела Свадба.

Во безпоштедната до истребување политичка војна наметната од СДСМ, почитувани вмровци немате избор. Грозните птици ругалки мене ми наденаа име Ламбе Спартанецот. Ве уверувам од денес понатаму се ќе бите во духот на спартанството.

СО ШТИТОТ ИЛИ НА НЕГО !!!

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top