https://www.youtube.com/watch/default.jpg" /> https://www.youtube.com/watch/0.jpg" /> https://www.youtube.com/watch/1.jpg" /> https://www.youtube.com/watch/2.jpg" /> https://www.youtube.com/watch&hl=en&fs=1&rel=0&autoplay=1" /> https://www.youtube.com/watch&hl=en&fs=1&rel=0&autoplay=1">
четврток, 19 април 2018 | Вести денес: 84 ново

Новогодишна контрапорака до марионетскиот премиер Зоран Заев

Алдо Климан

Господине Заев,

им пожелувам на македонскиот народ и на народностите што што живеат во Република Македонија веќе на 1 јануари 2018 година да ни се тргнете од пред очи, или – како што знаат и умеат! – други да ве тргнат од узурпираното и со државен удар изведен на 27 април 2017 година дограбено место на премиер на нашата премила и преубава татковина Македонија која, со своето пребогато и достоинствено минато, не заслужи да има таков недостоинствен и неморален човек на таа највисока и најодговорна државна функција.

Вам лично ви пожелувам веднаш на 1 јануари 2018 година да ви се отворат очите и да ви дојде умот за да ја согледате сета своја човечка беда на евтин меѓународен подлизурко и проѕирен лажливец, превртливец и измамник, како и длабочината на неизмерните бесрамни и подмолни лаги што не престанувате да ги тресете од секој ракав и од секоја ногавица, и особено од својата предавничка уста, сосема свесен дека им нанесувате непоправливо историско зло на македонскиот народ и на македонската држава, и доживотно да се повлечете во некој далечен вам пријателски бугарски или грчки манастир и да си размислувате за недосегливите граници на безобѕирниот демонски неморал што ја пронижува секоја ваша клетка.

Вие, господине Заев, немате никакво морално право за македонскиот народ да го употребувате зборот „обединети”, зашто токму вие докрај ја разединивте, ја разглобивте, ја искостивте и смртно ја скаравте Македонија до нејзиното последно и најмало делче. До својата аморална срж вие сте „обединет” само со своите американски, НАТО и ЕУ налогодаватели и финансиери за кои македонскиот народ и народностите што со векови заедно живееја во најблагородна хармонија претставуваат само најобични бројки, како и со своите актуелни кримогени големоалбански совладетели.

Вие имате, да ја цитирам вашата синтагма, „чиста препорака” за општонародно судење за предавство на македонските национални и државни интереси на докажаните странски ограбувачи, како соседните, така и оние подалечните на кои, очигледно, не им било тешко да пронајдат човек со таков беден криминален профил како вашиот за спроведување на своите освојувачки цели.

Што се однесува до „новиот имиџ на Балканот”, вие, господине измамник, веќе сторивте се’ Балканот повторно да зоврие, да стане мрачен и заемно грабежлив, да се врати стотина години наназад кога овде врлуваа Балканските војни за парчосување на овој најмирен и најмирољубив дел на светот што се вика Македонија. Одевте и одите, лажевте и лажете, им ветувавте и им ветувате едно на Бугарија, друго на Грција, трето на Албанија, четврто на Србија, петто на Косово, и којзнае што се’ уште на НАТО, Америка и ЕУ.

Вие, до коска корумпиран господине Заев, немате никакво морално право да говорите за „нула толеранција кон корупцијата”, се’ додека не се појавите на суд од кој мизерно бегате како ѓаволот од крстот и да ја докажете својата невиност во вашиот срамен корупциски скандал со барањето поткуп од речиси 200.000 евра. Да ве потсетам на тоа ваше големо чесно „нулто” дело поради кое пред сета македонска и светска јавност бесрамно одите со високо кренато чело, еве, по којзнае кој пат ви ја приложувам снимката од филмот „Зоран Заев бара поткуп”, на Јутјуб погледната 230.000 пати ( https://www.youtube.com/watch?v=5ptCYSaLFRI ), уште еднаш да си се видите себеси како изгледавте во својата бедна улога на уценувач и гнасен корумпиран човек. Тогаш кога за тоа ќе добиете соодветна заслужена затворска казна ќе почнеме да веруваме во „владеење на правото” во нашата татковина со што, како и со „довербата во институциите”, вие така слатко предновогодишно си ја плакнете устата.

На кој начин тоа, господине марионетски премиеру Заев, замислувате дека во 2018 година, како што велите,  „ќе ја заокружиме визијата за респектирана држава”? Така ли што секој политички неранимајко од вашето најблиско окружје си зема право да ја понижува и да ја влечка низ кал Република Македонија, како агресивниот големоалбански „евроинтегративец” Бујар Османи, или вашиот „тивок” големоалбански компањон и ваш вистински суверен во сенка Али Ахмети кој вели дека за името на нашата татковина не е потребен никаков референдум, туку дека е доволно за тоа да одлучат само владите на двете држави, те. само вие и два-тројца ваши демократурни моќници?! Или пак сметате дека „ќе ја заокружиме визијата за респектирана држава” така што секоја будала наоколу, во соседните земји, низ Америка и во Европа, си измислува најпонижувачки имиња за Република Македонија и со тоа што секојдневно на државата под ваша власт вртоглаво и’ паѓа рејтингот?! Така ли го замислувате тоа?!

Го повикувате македонскиот народ, „обединет” со вас во вашите предавнички цели „да го положи испитот на зрелоста”, заради, како што велите, „иднината на нашата заедничка Македонија”. За која тоа заедничка „Македонија” зборувате вие?! Зарем поимот „Македонија” сеуште постои во вашата глава? Станува ли збор за Република Македонија чие што име го ставивте на општа балканска и светска лицитација и можеби за неколку месеци ќе се вика Централно-африканска Република, или Северна земја? Во духот на вашата ступидна и предавничка „визија” на „заедничка Македонија” таа може да се вика само ГрБуИлирида, или така некако, но за таа и таква „ваша и нивна заедничка Македонија” со некое друго ступидно име не ви беше потребна шуплива фразерска новогодишна порака и повик до оние што така бесрамно не’ ограбуваат, зашто вие самиот ним им ја поддадовте на предавнички поддавалник нашата, нашата! заедничка Република Македонија.

Вашите „слободоумни граѓани”, господине диктаторе Заев, не ја ослободија, туку, за жал, ја заробија државата и заедно со неа се заробија себеси и сите нас. Велите дека се случил пресврт и оти Македонија се стабилизирала. Тоа само вие така си вообразувате и се обидувате и другите во тоа да ги уверите. Точно е само тоа дека се случил пресврт и оти сега, благодарение на вашата предавничка политика,  Република Македонија виси со главата удолу додека сите мајсторски ја касапат, а таа национално и на секој друг начин крвари.

Кога би било точно тоа што го велите дека вашите „слободоумни граѓани” ја ослободиле државата и тоа дека сега Република Македонија е демократска и стабилна, таа не би била секојдневен тажен главен наслов во сериозниот но и во подсмевливиот балкански и светски печат и во сите други медиуми, во кои на сите страни само искрат вакви и онакви препоставки и тврдења за нејзината несигурна иднина како бинационална, кантонизирана или федерализирана држава, со засекогаш разурната унитарна и кохерентна внатрешна национална и меѓуетничка поврзаност. Република Македонија да е стабилна, демократска и прогресивна под ваша власт тогаш не би биле (со спектакуларни полициски манифестации и постапки) апсени македонските опозициони пратеници и пред да им се симне имунитетот по легален пат. Кога Република Македонија под вашата власт би била стабилна и демократска, по македонските зандани не би гниеле најблагородни уметници со заслужен светски глас и висок национален рејтинг, и не би биле изложени на нечовечки услови во затворот и принудени на штрајкување со глад.

Кога Република Македонија под вашата безочна диктатрорска власт би била демократска, стабилна и прогресивна, во македонското Собрание би седела и рамноправно со вас би работела и опозицијата. Но таа го бојкотира вашиот подмолен, нецивилизиран и недемократски прицип да бидат таму, да учествуваат во работата, а вие како надрогирани да си го терате само својот валкан филм со Законот за јазииците, со вашиот, господине национален предавник Зоран Заев, брзопотезен личен Договор со Република Бугарија, со вашата безумна и безочна одлука да го менувате историското, убаво и меѓународно респектирано име на нашата држава Република Македонија по ќефот на Грција и на кој ти се’ не.

Вашата толку преџвакувана „инклузивна политика” е само најбедна политика на безочна одмазда. Вашата толку преџвакувана „демократска обнова на општеството” е политика на апсолутистичко узурпирање и грубо потчинување на сите сегменти на власта и пред се’ на онаа судската. Вашите ептен здодевни и неуверливи дрдорења за „деполитизирани институции” – замислете! – вродија само со целосна партизација на државата, и натаму врз тоа неуморно хистерично работите.

Господине марионетски и корумпиран премиеру Зоран Заев, вие сте обичен измамник и вашата Новогодишна порака има специфична тежина 70 гр, колку што е тешка онаа секојдневно употребувана рола мека хартија. Такви роли во наредната 2018 година под ваше раководство ќе ни требаат на тони и тони, а вие – не можам да ви се начудам! –  во својата развојна стопанска програма немате предвидено изградба на ниту еден голем фабрички погон за нејзино масовно производство. Штета! Зашто, додека вие и вашата партиска, лажно-социјалдемократска и големоалбанска диктаторска клика сте на власт – тоа би бил многу добар бизнис за државата. Вака пак ќе мораме да увезуваме „тоалетна памет”, баш онака како што вие со своето доаѓање веднаш станавте најголем светски „увозник на туѓинска ограбувачка политичка памет”. И еве, гледаме кај сме сега!

Ајде, живи Бога, измамнику Зоран Заев, на 1 јануари тргнете се од узурпираното премиерско место, па Новата 2018 година и сите наредни години за вјеки вјеков навистина да им биде среќна на македонскиот народ и на Република Македонија!

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top