сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 75 ново

И Леонард Коен би се гордеел: 12-годишната Марија Спасовска ја препеа „Халелуја“ (видео)

12-годишната Марија Спасовска воодушевува со својот глас. Таа деновиве на својот „Јутјуб“ канал ја објави преработката на песната „Халелуја“, песна на починатиот канадски поет и музичар Леонард Коен.

Младата девојка глумеше дете-ангел во мјузиклот „Тајно моја“, награди за лауреат на фестивалите „Езерски Бисери“ и „Ѕвездички“, на интернационалниот натпревар „Зорнија кветки“ во Минск, Белорусија, но и на „Славјански базар“.

Марија во март следната година ја очекува уште еден меѓународен натпревар, „Откритија Европа“ во Москва каде ќе ја претставува Македонија како единствен кандидат од нашата земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top