вторник, 25 септември 2018 | Вести денес: 109 ново

Села: Заев не го зеде здравството за да прави реформи, туку за да си ги продолжи бизнис плановите

-Во политичката игра на ДУИ, која има скриена цел поради рејтингот кој ѝ паѓа секој ден кај албанското гласачко тело, Заев гледа свој интерес, да земе добар ресор како што е Министерството за здравство и да продолжи, не со реформи во здравството, туку со неговите бизнис планови- рече Зијадин Села во вечерашната „Топ тема“ на Телевизија „Телма“,
-Со гласањето на новиот министер за здравство и излегувањето на Алијансата за Албанците од Коалицијата, Владата го изгуби моралот- нагласи Села.

Според него, премиерот Зоран Заев доби уште едно министерско место, но загуби многу сериозен партнер во однос на реформите и надминувањето на политичката криза.

– На почетокот Владата имаше став дека нема да се гради новиот клинички центар зашто има многу други проблеми во здравството и тоа не е решение. Затоа Министерството за здравство и не беше толку интересно за премиерот и другите коалициски партнери. Значи, Министерството не и беше дадено на Алијансата заради Таравари, како што тврдат политичките играчи – истакна Села.

Тој напомена дека Албанците во Македонија веќе 15 години живеат во монизам, има само една политичка партија која секогаш победува на изборите.

– И не дека албанските граѓани го сакаат тоа како политичка опција, туку таквата состојба е помогната од македонските партнери, до вчера тоа беше ВМРО-ДПМНЕ, а сега на локалните избори тоа беше СДСМ. Тие протестираа за демократија, но најголем проблем на овие локални избори е што Заев спречи демократијата и промената да дојдат и кај албанската популација – рече Села.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top