недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 8 ново

Се дозна која е „тајната швалерка“ Ана, која им ги растура браковите на мажите во Македонија

„Тајната швалерка“ која им испраќа пораки на мажите низ Македонија излезе од превезот на тајноста. Таа, всушност е комшпанијата „Видекс“, која им се извинува на сите кои добиле смс со скокотлива содржина поради техничка грешка.

„Во интерес на јавноста и сите оние кои ја добиле СМС пораката од испраќач „СМС инфо“ ги информираме дека поради настанат технички проблем во нашиот систем, на ден 27.12.2017 на пладне, при тестирањето, поради техничкиот проблем изгенерирана и испратена е системска СМСМ порака од нашата платформа до одреден број мобилни и кориснички броеви. Во пораката содржан е бројот 141-214.
Искрено и длабоко им се извинуваме на сите кои ја добиле споменатата СМС порака која вие во Вашиот натпис ја посочувате.
На истите корисници испратена им е и СМС со наше извинување и појаснување на настанатиот проблем“, стои во дописот од компанијата Видекс испратен до Прес24, порталот кој ја објави веста за „тајната швалерка“.

Останува нејасно како компанијата дошла до телефонските броеви на корисниците, или пак пораката по случаен избор е испратена само на корисници мажи.

 

„Тајна швалерка“ им ги растура браковите на мажите во Македонија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top