Во интервју за „спортске.нет“, Перо Антиќ не го потврди тоа што го најави на почетокот на сезоната, дека летото веројатно ќе стави крај на кариерата.
„Да почекаме. Кошарка ќе играм додека уживам. Кога почнував татко ми ми рече: играј додека се смееш и уживаш“, вели Антиќ.
Антиќ секогаш има посебно добредојде во клубовите каде играл претходно, последен пример беше гостувањето кај Фенербахче каде имаше срдечен дочек и од навивачите и од соиграчите.
„Секогаш сум приврзан за клубовите, секогаш давам се од себе. И брат ми да игра во другиот тим нема везе, давам се од себе. По натпреваро се гушкаме. За кој тим и да играм, јас живеам за тој тим. А тие го почитуваат тоа и не го забораваат“.
Аниќ беше запрашал и како се прилагодил на повторното патување со автобуси со оглед на тоа дека во НБА и во Фенербахче леташе со чартери.
„Па сите не сме почнале со чартери. Почнавме од автобуси од ЈСП, а знам како беше во Звезда минатиот пат. Се навикнуваш, знаеш каде доаѓаш, а со хемијата која ја има овој тим, забораваш на тие работи“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Долг именик и шифрирани пораки: Полицијата ја испитува поврзаноста на Аца Лукас со убиениот нарко дилер Радуловиќ
-
Битола: Синоќа на градското шеталиште пронајдено лице со пресечени вени
-
Инцидент во Кисела Вода: Пијани ја кршеле пекарата и впериле пиштол кон вработената зошто не им дала да јадат без пари
-
Дебарца се крена против изградба на депонија: Заев, одржи си го зборот, или ќе не послушате или ќе ве нема! (фото)