вторник, 23 октомври 2018 | Вести денес: 30 ново

Објавени официјални информации за Шумахер, еве што се случува со него во моментов

Менаџерката на Михаел Шумахер, Сабина Кем изјави дека состојбата на легендаркиот возач е подобрена. Седумкратниот светски првак во Формула 1, Михаел Шумахер на 29 декември 2013 година доживеа тешка несреќа додека скијаше на француските Алпи, во одморалиштето Мерибел. Германскиот возач се здоби со тешки повреди на главата и неколку месеци беше во кома. Во изминатите четири години, неговото семејство се оградуваше од билко кави коментари околу неговата состојба, сè до денеска кога менаџерката на Сабина Кем даде барем малку охрабурвачки вести.

„Долго време е познато во каква состојба се наоѓа Михаел по несреќата. Иако јавноста сака точно да знае што се случува со него, јас можам само да кажам дека има напредок. Засега напредокот е минимален, но и тоа е знак дека постепено се опоравува”, истакна Кем.

За Шумахер се шпекулираше дека е врзан за кревет и поради тешките повреди со кои се здоби функционира како растение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top