петок, 20 април 2018 | Вести денес: 57 ново

Му „продаде“ добар трик: Ѓоковиќ измамен од својот спаринг партнер, Србинот му честиташе на мајсторијата

Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ се подготвува за враќањето на теренот закажано за в петок на егзибицискиот турнир во Абу Даби, а еден од последните тренинзи долго време ќе го памети, но не по сопствениот труд туку поради фактот што стана жртва на добар трик.

Неговиот спаринг партнер замавна како да ќе сервира силно, а веднаш потоа го сврте рекетот и топчето само го префрли преку мрежа со бекенд-удар за изненадување на Ѓоковиќ.

Србинот неколку секунди остана зачуден на своето место по што го прекина мечот и дојде до мрежата за да му честита на противникот на одличната финта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top