петок, 20 април 2018 | Вести денес: 93 ново

Триото „Интерарт“ вечерва во Ресен

Јавната општинска установа Дом на култура „Драги Тозија“ вечерва во Ресен организира предновогодишен концерт на триото „Интерарт“. Музичарите од Битола, Александар Стефановски-флејта, Емилија Ристевска Стефановска-флејта и Татјана Божиновска-пијано, во ресенскиот Сарај ќе изведат преработена класика и други дела од познати композитори…

Трио „Интерарт“ од Битола приредија концерт и минатата година, тие се познати, почитувани и посакувани гости на публиката во Ресен. Вечерашниот концерт ќе почне со Соната од Лоие, по што ќе следуваат композиции од Доплер, Офенбах, Шуберт итн. Трио „Интерарт“ настапувале во Италија, Германија, Грција, Хрватска, Норвешка, Турција, САД и други држави.

Концертот е дел од богатата културна програма што ја организира установата, информираат од Домот на култура „Драги Тозија“од Ресен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top