петок, 22 јуни 2018 | Вести денес: 104 ново

Швајцарската претседателка сака референдум за односите со ЕУ

Референдумот во Швајцарија, кој ќе ги разјасни односите на земјата со Европската унија, ќе биде од корист, изјави Дорис Леатард, претседателка на земјата, откако односите со Унијата се заладија оваа недела.

Преговорите за обезбедување на нов „рамковен” договор за функционирање на односите меѓу Швајцарија и ЕУ извесно време се во тек. Брисел сака да замени повеќе од 100 билатерални договори кои ја регулираат неговата поврзаност со Берн.

Но, односите се изладија неделава, откако Унијата им гарантира на швајцарските берзи само ограничен пристап до ЕУ и тоа ја натера Швајцарија да се закани дека ќе преземе одмазднички мерки, бидејќи според неа тоа е дискриминација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top