петок, 22 јуни 2018 | Вести денес: 104 ново

Се заглавила во дрога вредна 53 милиони долари: Морска желка заплеткана во првокласен кокаин (видео)

Американската погранична стража пронајде морска желка заплеткана во товар со кокаин вреден 53 милиони долари. Товарот со првокласен кокаин, тежок 800 килограми, пловел низ Тихиот океан.

Крајбрежната стража случајно налетала на дрогата, мислејќи дека се отпадоци. Кога се приближиле со чамец, виделе дека морска желка е заплеткана во јажињата и сериозно повредена. При обидот да се ослободи од јажињата, моркста желка добила исекотини на вратот и перките.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top