недела, 18 ноември 2018 | Вести денес: 44 ново

Бродвеј на сцената на МНТ: Премиера на мјузиклот „Мама миа!“ (фотогалерија)

Емотивна, весела, дискаџиска претстава која ќе ве расположи и од која ќе си заминете со многу ендрофин. Вака беше најавен мјузиклот „Мама миа!“ кој ќе трае 180 минути. Подготовкитте за претставата траеле една година, а актерите, танчерите и музичарите мјузиклот го подготвувале два месеци

Еден од најизведуваните мјузикли во светот, „Мама миа!“ работен по музиката на Бени Андерсон и Бјорн Улвеус од легендарната шведска поп група АББА, ќе ја има премиерата изведба в недела, 24 декември на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ). Премирата и првата реприза (26 декември) се веќе распродадени, а следните изведби се на 28 и 29 декември. Во јануари 2018 „Мама миа!“ е закажана за 12-ти,13-ти и 23-ти.

Проектот чиј режисер е Наташа Поплавска е копродукција помеѓу МНТ и „Проспот“ од Словенија.

Емотивна, весела, дискаџиска претстава која ќе ве расположи и од која ќе си заминете со многу ендрофин. Вака беше најавен мјузиклот „Мама миа!“ кој ќе трае 180 минути. Подготовкитте за претставата траеле една година, а актерите, танчерите и музичарите мјузиклот го подготвувале два месеци.

Приказната е позната и прикажана на филм – тинејџерка во потрага по својот вистински татко на еден грчки остров, раскажана преку хитовите на АББА по текст на Кетрин Џонсон.

Актерите во мјузиклот ги пеат на македонски песните на шведската група од 1970-1980-тите, освен евровизиската „Ватерло“ која е во оригинал и за крај на претставата. Поплавска, која пред две години во МНТ го постави и бродвејскиот мјузикл „Чикаго“, и овојпат соработува со кореографката Олга Панго и со диригентката Бисера Чадловска. „Мама миа!“ е гигантски проект, кој има 30-ина луѓе на сцена, но под сцената, зад сцена, зад гледалиштето и во гардеробите има уште вкупно стотина кои публиката нема да ги види.

– Среќна сум што ние имаме театар што знае да се справува со ваков гигант – вели режисерката Поплавска.

За мјузиклот беа организирани три аудиции на кои се пријавиле 178 актери и танчери. Во оваа бројка не се сметаат актерите на МНТ.

Преводот и препевот за „Мама миа“ ги направи актерката од МНТ, Тина Трпкова. Главните улоги ги толкуваат: Нина Деан, Јана Стојановска, Биљана Драгиќевиќ – Пројковска, Кире Ѓоревски, Висар Вишка, Трајче Ѓоргиев, Владимир Јачев, Никола Наковски, Петар Стојанов, Арна Шијак, Тања Кочовска, Александра Павлова, Билјана Јовановска, Стефан Спасов, Александар Михајловски и Борјан Тетиев. Придружни вокали се корепетиторките од ФМУ Сара Николовска и Ана Костадиновска, кои ги подучувале во пеењето, а за танцувањето – Олга Панго и асистентката Ирена Лозинска.

– Оваа улога е мој сон. Улогата во „Мама миа!“ ми дозволува максимално да ги истражам своите можности. Не беше воопшто лесно, бидејќи во исто време се игра, пее и глуми, се зема воздух, се мисли на движењата на телото, се внимава да не се згреши кореографијата и тоналитетот и сето тоа да се донесе во некое совршенство на сцената. Тоа беше огромен предизвик – вели Нина Деан.

Нејзината алтернација е Јана Стојановска за која овој мјузикл е симбиоза на повеќе уметности вклопени во едно.

– „Мама миа!“ е вистинско шоу од прв до последен чин. Ќе бидете изненадени што се правиме на сцена, рече Билјана Драгичевиќ-Пројковска која ја игра мајката Дона.

Сценографијата е на Александар Дениќ, костимите – Роза Трајческа-Ристовска, а извршен продуцент е Симона Угриновска.

фото: Емил Перто

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top