недела, 22 април 2018 | Вести денес: 39 ново

Го пуштаат од затвор за да игра во НБА

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Кентавиус Колдвел-Поуп доби поштеда од затвор, за да може да игра во НБА-лигата, пренесува „Вашингтон пост“. Крилото на „езерџиите“ моментно отслужува 25-дневна затворска казна, поради наводно возење под дејство на алкохол во Обурн Хилс во март, додека беше член на Детроит пистонс.

Тој тогаш призна вина за полесен прекршок поради што доби 12-месечна условна казна, која неодмна ја прекршил со што било наредено да помине 25 дена во затвор во Калифорнија.

Колдвел-Поуп поднел жалба која му овозможила да го пуштаат од затвор за да тренира и да настапува за лејкерс на НБА-мечевите. Тој претходно беше суспендиран во првите два натпревари сезонава, поради апсењето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top