среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 97 ново

„Џипси кингс“: Музиката е наша страст!

На почетокот се исплашивме затоа што не бевме подготвени за соочување со светот. Живеевме во нашите каравани во јужниот дел на Франција, и таму ја направивме нашата музика во текот на едно лето во Сен Тропе меѓу пријатели на плажата. И преку ноќ се најдовме на „Билборд“, во „Холивуд боул“ „Ројал Алберт Хол“ ... Беше неверојатно!, велат Пако и Микаел Балиардо од групата „Џипси Кингс“

„Џипси кингс“ е бенд на фламенко, салса, поп-музичари, по потекло од Арл и Монпеље на југот на Франција, кои своите песни ги изведуваат на шпански јазик со андалузицски акцент. Нивната музика може да се опише како место каде што се сретнуваат фламенко и ромската рапсодија, исполнета со салса фанк. Членовите на групата се родени во Франција и нивните родители биле „гитаноси“, од племето Бербери од Мароко и шпански Роми кои ја напуштиле Каталонија во триесеттите години за време на граѓанската војна во Шпанија. Познати се по изведувањето пред целиот свет на каталонската румба: поп-музика која е изведена од традиционалната фламенко музика. Групата првично се викаше „Лос рејес“.

Нивната музика има делумно румба и фламенко стил, со влијние на по-музиката; многу песни од „Џипси Кингс“ станаа општо прифатени, како: салса и румба. Нивната музика се опишува како место каде „Шпанското фламенко и циганската рапсодија се сретнуваат со салса фанк“.

Пред настапот во Скопје ги прашавме членовите на групата за возбудата пред секој настап, за нивната музика, за тоа како се чувствуваат кога се на сцена, за влијанијата во нивната музика, а еве ни одговорија Пако и Микаел Балиардо…

Николас Рејес вели дека на почетокот сте биле исплашени поради соочувањето со светот. Сега тоа стана ваш начин на живот. Како го доживувате застанувањето на сцена? Има ли возбуда до денеска? Ја чувствувате ли енергијата на публиката?

– На почетокот се исплашивме затоа што не бевме подготвени за соочување со светот. Живеевме во нашите каравани во јужниот дел на Франција, и таму ја направивме нашата музика во текот на едно лето во Сен Тропе меѓу пријатели на плажата. И преку ноќ се најдовме на „Билборд“, во „Холивуд боул“ „Ројал Алберт Хол“ … Беше неверојатно!

Во рамките на оваа турнеја настапувате и во Македонија. Какви ви се впечатоците?

-Моите впечатоци се секогаш исти, задоволство е да се биде во контакт со луѓе кои ја сакаат нашата култура и нашата музика.

Дали досега сте слушнале за Македонија?

Ние и придаваме големо значење на публиката од балканските земји. Во мај 2017 година се вративме во Белград, каде настапивме по пауза од 10 години и бевме срдечно пречекани. Вие сте прекрасна и многу отворена публика. И со нетрпение очекуваме да ве запознаеме со нашата нова музика.

„Џипси кингс“ станаа популарни со нивниот албум “Gipsy Kings” во кој беа вклучени песните “Djobi Djoba”, “Bamboleo” и романтичната балада “Un Amor”. Имаа голем успех низ Европа и Африка, како и на Блискиот Исток, а нивната верзија на песната “Hotel California” е саундтрак на култниот филм на браќата Коен „Големиот Лебовски“.

Што ќе може да слушнеме на концертот во Скопје? Дали има некои новини во вашите песни?

-Се разбира, постојат неколку нови песни, но секогаш настапуваме со нашите најголеми хитови: “Bamboleo”, “Volare” … И со новите песни. Но, во ова ново шоу сакав да донесам и извесна доза на современост во толкувањето на песните.

„Лос рејес“ почнале како цигански бенд. Патувале низ Франција, свиреле на свадби, на фестивали и на улиците на Франција. Бидејќи живееле како цигани, бендот го присвоил името „Џипси кингс“. Подоцна биле ангажирани да свират на забави од повисоката класа во  Сен Тропе и нивната кариера тргнува по нагорна линија, За жал, првите два албума не привлекоа внимание. На нив тие изведуваат фламенко проследен од звукот на гитарата на Тонино Балиардо и гласот на Николас Рејес.

Корените Ви се од Шпанија, но сте израснале во Франција? Според Вас која од овие две култури повеќе влијае на вашата музика?

-Oстануваме приврзани за нашите каталонски корени и румба!

Составот на „Џипси кингс“ вклучува комбинација на гитаристи што свират со десна и гитаристи што свират со лева рака; тројца од браќата Рејес (Николас, Андре и Пачаи) свират со левата рака, а некогаш свират и на гитари што се наштимани за деснаци, додека Диего Балиардо свири гитара за левучари која што е наштимана за левучари. Заедно со деснаците Канут и Пол Рејес и Пако Балиардо, овие гитаристи се фокусираат на произведување на силни ритми, додека покомплексните изведуваат од десниците и конвенционалниот Тонино Балиардо.

Вообичаено настапувате повеќе музичари на сцена. Како успевате сето да биде во беспрекорен ред?

-Со изборот на добри музичари, турнеите се живот во заедница. Живееме 24/24 заедно како едно семејство.

Во документарниот филм за „Џипси кингс“, Николас вели дека музиката е страст која трае сите овие години и дека се додека трае таа страст ќе правите музика. Трае ли се уште страста со ист жар како на почетоците, или забележувате промена?

Музиката е нашата страст, но страста еволуира, затоа во нашето ново шоу сакав да донесам многу новини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top