недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 75 ново

Мемеди вознемирен од изјавата на Села: Никој не може да ги промени моите ставови

Претпоставките на Зијадин Села го вознемирија пратеникот Весел Мемеди, кој на прес конференција изјави дека нема намера да го промени својот став и дека се уште ја застапува Алијансата за Албанците, по изјавата на Села дека не направил коалиција со ДУИ но проблемот бил дека не можело да се формира парламентарно мнозинство, и дека имале три пратеници, а сега двајца.

– „Јас сум тука за да го застапувам интересот на албанскиот народ и интересите на граѓаните кои живеат во Македонија и не постои човек кој може да ја промени оваа цел што е дефинирана за мене“, смета Мемеди, јавува ТВ21.

Мемеди им порача ДР-ДПА да се занимаваат со, како што рече, неуспесите на партијата, а на со празни зборови.

Инаку, тензиите меѓу Села и Мемеди почнаа веднаш по парламентарните избори, кога мнозинството на УНИТЕТИ и ДР-ДПА одлучија да бидат еден политички субјект- Алијанса за Албанците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top