понеделник, 16 јули 2018 | Вести денес: 49 ново

СДСМ си игра со Албанците: Ги земаа гласовите а сега ги упатуваат кон Али Ахмети

Серија на отворени писма во албанските медиуми си разменија ветерани на УЧК и пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири. Лично на премиерот Заев, преку отворено писмо за весникот Лајм, му се обрати Даут Дути Шасивари кој е ветеран на УЧК.

Живееме во Република Македонија и следиме политика која се обидувате да ја водите вие, но она што вие го ветивте за Албанците не го реализирате !!!

Зоран Заев ти во албанскиот блок се расправаш само со една партија и таа е Алијанса за Албанците, а јас ви гарантирам дека грешите.

Зоран Заев, ве потсетувам дека Алијансата за Албанците има КОНГРЕС, РАКОВОДСТВО, ЧЛЕНСТВО, свои ПОДДРЖУВАЧИ И СИМПАТИЗЕРИ.

Зоран Заев, да ве потсетам дека Алијансата за Албанците во моментов има повеќе од 60 илјади гласачи (60.000) позади себе, но од ден на ден се зголемува бројот во редовите на Алијансата за Албанците и кога ќе го достигне потребниот број на гласачи ви гарантирам дека оваа партија со која вие мислите дека можете да се потсмевате, ќе носи поинакви одлуки од кои вие лично ќе се зачудите и ке се прашувате што се случува со Алијансата за Албанците.

Зоран Заев, малку е важно за Алијанса за Албанците тоа дали ќе го има Министерството за Здравство или или некое друго министерство АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ сака да биде транспарентна кон сите политички партии, да има правда за сите, да ги истражат сите оние кои манипулирале со народот на РМ.

Зоран Заев АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ е дел од Владата на Република Македонија само поради една причина а тоа е : РЕФОРМИ ВО РМ.

Зоран Заев ти на огнот му тураш бензин, и после ќе ти биде многу тешко да го изгасиш огнот кој ти го палиш, и немој да мислиш дека овие кои ги правиш кон Алијансата за Албанците навредуваш само поединци, со овие ваши потези провоцирате над 60.000 гласачи !!!

Зоран Заев, верувам дека ова што сум го напишал Мухамед Зекири ќе најдете време да ви го преведе овој текст за кој јас лично одвоив време за да го адресирам до тебе.

Даут Дути Шасивари.

На отвореното писмо од Даути, одговори пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири. Кој на ветеранот на УЧК му порача одговори да бара кај Али Ахмети а не кај Зоран Заев.

Писмото е пратено на погрешна адреса!

Прашањата и дилемите покренати во ова писмо во име на 60 илјади гласачи на Алијанса за Албанците подобро е да ги испратите кај вашиот поранешен командант а сега претседател на ДУИ, Али Ахмети, а потоа и на претседателот на партијата на која припаѓате почитуван поранешен војник на УЧК .

Со почит
Мухамед Зекири

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top