понеделник, 16 јули 2018 | Вести денес: 87 ново

Битолчанка нашла платежна картичка и со неа си ги платила сметките за струја

МВР поднесе кривична пријава против битолчанка која со туѓа платежна картичка, која што претходно ја нашла, плаќала сметки за струја.

Д.К. (38) од Битола на 1 јуни 2017 година неовластено употребила платежна картичка сопственост на В.Ш. (41) од Битола.

Преку интернет таа ги внела податоците од картичката и извршила плаќање на повеќе сметки за струја во висина од 9.185 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top