понеделник, 23 април 2018 | Вести денес: 85 ново

Опозицијата фрли бомби во албанското собрание – Еди Рама го гаѓале со чизма

Албанската опозиција денеска фрли чадни бомби во салата од Парламентот каде се бираше привремен јавен обвинител, кога за вршител на должноста била избрана Арта Марку.

Пред гласањето за изборот на Марку, лидерот на десната демократска партија Лулзим Баша го критикуваше премиерот Еди Рама дека сака да назначи обвинителка што е негова марионета.

Протест на опозиција, при кој имаше неуспешен обид за насилен упад во Парламентот, употреба на солзавец, повредени и приведени повеќе лица, судир меѓу пратениците и припадници на нацоналната гарда, која неколкупати интервенираше во собраниската сала, е кусиот приказ од денешната тензична ситуација во и пред албанското Собрание, на чиј дневен ред е изборот на нов државен јавен обвинител на Албанија.

Освен судирите надвор од Парламентот, како што јави дописникот на МИА, инциденти имаше и во собранската сала, почнувајќи од непосреднот судир на поранешниот албански претседател и премиер и екс лидер на демократите Сали Бериша со гардистите, фрлениот солзавец од страна на пратеникот Фљамур Нока кон премиерот Еди Рама, па до напад врз пратеничка од Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ), која при тоа беше повредена.

Инцидентот во салата ескалираше кога лидерката на ЛСИ и сопруга на актуелниот претседател на државата Илир Мета, Моника Круемади имаше неуспешен обид да го погоди Рама со чизми.

Но, и покрај хаосот кој владее во салата, владејачкото мнозинство се обидува да ја продолжи седницата и да го избере новиот државен јавен обвинител.
Претходно, приврзаниците на опозицијата што протестираат пред Парламентот се обидоа насилно да влезат во дворот на Законоавниот дом, при што се судрија со полицијата. Веднаш реагираше полициската единца за брзи интервенци, која повторно успеа да го воспостави кордонот од полицајци, но состојбата е и натаму тензична.
Собраниската седница почна со остри тонови, навреди и барања за оставка на Владата. Во Парламенот дојде и до инцидент меѓу пратеници од опозицијата и припаднци на Нацоналната гарда, кои дошле со задача да ја смират ситуацијата.

– Ова е црн ден за демократјата. Се обидуваат да го прекршат Уставот и неуставно да изберат државен јавен обвнител, со цел да се заштитат од нивнте криминални актвности, изјави лидерот на опозициските демократи Љуљзим Баша пред пратениците.
Опозицијата бара решението да биде во согласност со Уставот со кој, според нив, се бара професионален јавен обвинител, а не политички.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top