вторник, 17 јули 2018 | Вести денес: 65 ново

Направете да паѓа снег на екранот на вашиот телефон

Apple ја празнува новогодишната сезона, па затоа подготви и неколку подароци за нивните корисници, со кои тие можат да го претворат телефонот во снежна кугла.

Активирањето е лесно и само треба да ги следите упатствата напишани подолу.

За да ја активирате оваа опција, отидете во Apple Store во вашиот телефон (не App Store, туку Apple Store, каде што можете да купувате iPhone-и и компјутери) и во полето за пребарување впишете „Let It Snow“. Кога ќе го направите тоа, ќе почне да паѓа снег низ вашиот екран.

Снегот ќе почне да паѓа од врвот на екранот, но ако го затресете телефонот, снежната бура ќе почне да се движи наоколу.

Оваа опција работи само доколку е отворена апликацијата Apple Store, но затоа снегот ќе паѓа цело време додека разгледувате наоколу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top