вторник, 23 октомври 2018 | Вести денес: 86 ново

Хрватот заработи отказ: Игор Тудор повеќе не е тренер на Галатасарај

Турскиот гигант Галатасарај го разреши тренерот Игор Тудор по серијата лоши резултати. Галата солидно ја започна сезоната, но последните лоши натпревари и вчерашниот пораз од Малатија, беа премногу за челниците на клубот.

Интересно е што Тудор е разрешен од функцијата иако Галатасарај е втор на табелата. Поранешниот играч на Јувентус имаше договор со турската екипа до јуни следнава година, па Турците ќе мора да му платат обесштетување од oколу 400 илјади евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top