понеделник, 16 јули 2018 | Вести денес: 49 ново

Заврши второто издание на КРИК фестивал за критичка култура

Со перформансот „Настанување со музејот“ на рускиот уметнички колектив „Что делат“ и локалните учесници од Македонија, вчера вечер, заврши второто издание на КРИК фестивал за критичка култура.

Перформансот што беше изведен во Музејот на современа уметност е резултат на петденвниот семинар на колективот „Что делат“ од Санкт Петерсбург, овој пат предводен од Цапља Олга Егорова, Нина Гастева, Оксана Тимофеева и Дмитри Виленски, во соработка со локалните учесници, млади актери, уметници, политиколози, историчари на уметност: Јасмина Билаловиќ, Ѓорѓе Јовановиќ, Билјана Димитрова, Игор Таневски, Ребека Лазова, Мартина Спасовска, Кристијан Јованоски, Ивана Секулоска, Наташа Животиќ, Стефан Китановиќ и Кристина Мазнеска.
Перформансот се одржа во салите каде се изложени делата од колекцијата на МСУ. Учесниците со своите тела создаваа фигури и слики и раскажуваа свои кратки приказни.
Перформансот што се случуваше околу изложбениот простор ги рефлектира релациите на учесниците во рамки на семинарот воспоставени со уметничките дела од колекцијата на Музејот на современата уметност во Скопје. Целта била да се воспостави мост помеѓу макронаративите на различчните дела (кога и како се настанати, нивното општествено значење итн.) со микро наративите на секој од учесниците кој беше предизвикан да ја објасни со сопственото тело и со својот лиричен внатрешен текст, релацијата со делото. Сето ова создава преобликувачко и освежувачко мапирање на музејот и ја бележи историјата на младата генерација која го активира токму тој рансформациски, преобразувачки потенцијал на музејот и на неговото општествено и политичко значење.
По перформансот се одржа разговор со членовите на колективот и учесниците за процесот на подготовка.
Учесниците говореа за своите искуства, кои биле позитивни и едукативни, тие беа воодушевени од отвореноста, непосредноста на пристапот низ целиот процес што го поминаа за време на петтдневниот колаборативен семинар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top