вторник, 23 октомври 2018 | Вести денес: 86 ново

Верица Узунова, Виолета Хаџиева Гиноска и Огнан Миовски добија јавна опомена од ДСКС за судир на интереси

Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир  на интереси кај лицата Верица Узунова, Виолета Хаџиева Гиноска и Огнан Миовски, поради повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интерси и поради кумулација на функции  – извршување на две функции истовремено и тоа:

1)      Верица Узунова – кумулација на функции – истовремено со  функцијата директор на ЈП за изградба, одржување и користење на јавни паркинг простории „ПАРКИРАЛИШТА“ Струмица ја извршува и функцијата член на Надзорен одбор на АД Електрани на Македонија, Скопје;

2)      Виолета Хаџиева Гиноска – повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со  функцијата член на Управен одбор на ЈЗУ Здравствен дом Македонски Брод ја извршува и функцијата управител/овластено лице на ПЗУ Ординација по општа стоматологија ЈУГОДЕНТ Македонски Брод и

3)      Огнан Миовски – повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со член на Управен одбор на ЈЗУ Здравствен дом Пехчево ја извршува и функцијата управител на Сметководствено биро ОГНАН ДООЕЛ, Пехчево.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба на судир на интереси,  Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член  23 став 1 од Законот за спречување на судир на интереси се обрати до наведените службени лица со барање, во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето  доброволно да се откажат од извршување на едната од двете функции кои истовремено ги извршуваат, а со цел да се спрече состојбата на судир на интереси во која се наоѓаат.

Верица Узунова, Виолета Хаџиева Гиноска и Огнан Миовски не постапија по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на овие лица да им изрече мерка  јавна опомена.

Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување на судир на интереси  мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top