петок, 20 април 2018 | Вести денес: 66 ново

Засекогаш го напушти – Путин толку ја сакал оваа жена што дури ѝ купил и стан!

Мина Јудисткаја Берлинер, жената која рускиот претседател Владимир Путин го учела германски јазик, умрела во Израел на 97 години.

Мина, која Путин толку могу ја сакал што ѝ купил стан во Тел Авив, погребана е во градот Петах Тикви.

Руското миистерство одбило да ги коментира пишувањата на медиумите дека руските дипломати помагале во организација на погребот.

Берлинер го учела Путин германски во средното училиште во Санкт Петерсбург.

-Беше добар ученик. Добро учеше и граматика и лексика – рекла Берлинер во едно интервју пред три години.

Путин повторно се сретнал со поранешната учителка во Ерусалим во 2005 година, а по нивната средба руската влада во името на Путин на Мина ѝ купила мал стан во Тел Авив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top