понеделник, 16 јули 2018 | Вести денес: 44 ново

Чадни бомби и тепачка во албанското собрание (видео)

Teпачка се случи во албанското собрание.

На пленарната седница на Парламентот во Тирана, на која се гласаше за назначување на Привремен јавен обвинител, се создаде тензична атмосфера меѓу претставниците на власта и на опозицијата, која заврши со физичка пресметка и со фрлање на неколку чадни бомби. Гласањето по точката беше спорно за опозицијата која тврдеше дека таквиот чекор е противуставен.

Сепак, власта ја изгласа Арта Марку за Привремен јавен обвинител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top