четврток, 19 април 2018 | Вести денес: 86 ново

Кокосовото масло е за сѐ, но не е за секого

Кокосовото масло е повеќенаменско и може да се користи и за пиготвување храна и за нега на косата, за нега на телото, за лекување некои инфекции – буквално за сѐ. Но, не е да му се дозволи секому да го користи. Особено ако неговата девиза во животот е од многу глава не боли. Епа, боли!

Една Австралија сакала да го искористи потенцијалот на кокососвото масло, па на крајот завршила на социјалните мрежи. Од многу арно не тргнало на арно, а еве и зошто.

Девојката имала јака настинка, со голема кашлица. За да се релаксира, испила чај, се напила и сируп за кашлање, влегла во када со топла вода и ставила кокосово масло. И тоа многу.

Проблемот настанал кога сакала да излезе од кадата, а не можела. Кокосовото масло ја обложило целата када, а и нејзиното тело, па кога и да се обидела да излезе од кадата, се превртувала по неа како кит.

„Остнавме само јас и масните траги по кадата. Е*ати домашните лекови. Луѓе, помагајте!“, објавила очајна фотографија и лелек за помош на Имгур, а корисниците ѝ фатиле сеир.

„Имаш телефон, јави се на пријател или на брза помош, викни полиција. Можеби најдобро е да викнеш пожарникари и да го размачкаш маслото по нив. Прво речи им да се слечат.“

„Ти не си избрала живот во када, но тој те избрал тебе.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top