петок, 20 април 2018 | Вести денес: 66 ново

Масовни демонстрации во Тирана

Изборот на нов јавен обвинител на Албанија ја извади опозицијата пред Собранието. Масовните протести започнаа утрво во Тирана додека во законодавниот дом седницата за избор на јавен обвинител е прекината поради тензична атмосфера.

Албанските медиуми јавуваат дека пратениците на опозициската Демократска партија не дозволуваат да се изгласа новиот јавен обвинител, бидејќи сметаат дека станува збор за политичко решение на партиите на власт предводени од страна на Социјалистите на премиерот Еди Рама. Опозицијата бара решението да биде во согласност со Уставот, јавниот обвинител да се избира според критериумот професионалност, а не политички.

Во моментов пред Собранието во Тирана има неколку илјади членови на опозицијата, а медиумите јавуваат дека кон Тирана се тргнати неколку илјади членови на Демократската партија од внатрешноста на Албанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top