петок, 20 април 2018 | Вести денес: 56 ново

Мажите откриваат зошто сакаат проститутки

Мажите на возраст измеѓу 25 и 34 години, кои конзумираат алкохол и наркотици, најлесно се решаваат да платат за љубов и своето уживање да го препуштат во рацете на професионалните секуслани работнички. Но, зошто мажите претпочитаат да купуваат секс наместо да се впуштат во врска?

Во резултатите од истражување објавено во магазинот „Сексуално преносливи болести“ има податок дека во Велика Британија еден од десет мажи платил за услугите од проститутка, а тие мажи биле на возраст меѓу 25 и 34 години.

Голем број мажи кои зад себе имаат многу сексуални партнерки признале дека дел од нив се проститутки.

Тоа не се вклопува во стереотипната слика на постар и осамен човек, истакнува доктор Кет Мерсер, пишува „Машко здравје“.

Британското издание на „Космополитен“ објави изјави на мажи кои се согласиле да зборуваат зошто се решаваат за проститутки наместо да практикуваат еден од многуте бесплатни видови секс.

„Спијам со ескорт дами на бизнис патувања“, рекол 28-годишниот Сем и ја појаснил својата причина. „Со таквите девојки задоволството е краткорочно, а ми се допаѓа недостатокот на емоционална вклученост и фактот дека тука нема неверство. Јас сакам секс. Таа сака пари. Ако и двајцата уживаме на патот кон исполнување на своите желби – уште подобро“.

„Спијам со проститутки кога не можам да разговарам со жените“, објаснува 36-годишниот Џо од Лондон. Тој истакнал и дека нема премногу самодоверба кога ќе се најде во близина на жени. Се обидел да запознае девојки преку интернет, но не му одело, па се свртел кон дамите кои се занимаваат со најстариот занает.

„Со девојка ми заедно ангажиравме проститутка“, признава 30-годишниот Ричард, стилист од Лондон, кој открил дека неговата девојка некогаш била стриптизерка и е многу слободна во сексот, па одлучиле да се забавуваат на овој начин – иако му било забрането со проститутката, всушност, да има сексуален однос. Сѐ останато му било допуштено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top