понеделник, 16 јули 2018 | Вести денес: 87 ново

Како во легендите: Муса Дембеле пронашол ковчеже со златници во подрум (ФОТО)

Муса Дембеле заработува одлично како професионален фудбалер и член на Тотенхем, но тој и неговото семејство на неверојатен чин добија богатство вредно околу 1 милион фунти.

Антверпен, Белгија

Дембеле решил да отвори хотел во неговиот роден град Антверпен, а при процесот на реновирање на 700 години старата зграда, во подрумот бил пронајдени вредни предмети, монети, порцелан и керамика од 18. век, кои се проценети на околу 1 милион фунти.

Хотелот на Дембеле, „Златна копачка“

Биле повикани археолози да го прегледаат подрумот бидејќи Дембеле и неговото семејство планирале таму да сместат спа и базен, при што било пронајдено „богатството“ чие потекло не е познато.

Дел од предметите ќе бидат дадени во музеј, а дел изложени во хотелот

Сестрата на фудбалерот истакнала дека дел од пронајдените предмети ќе бидат дадени во музеј, а дел од нив ќе бидат изложени по отворањето на хотелот чие име ќе биде „Златна копачка“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top