понеделник, 16 јули 2018 | Вести денес: 49 ново

Почина Стамен Филипов, правникот во пензија кој уриваше закони пред Уставниот суд

На 74 години почина Стамен Филипов, правник во пензија, човекот што поднесе најмногу иницијативи пред Уставен суд за преиспитување на уставноста на многу закони и законски решенија.

Стамен Филимов или како што го нарекуваа новинарите уривачот на закони, беше човекот кој две децении будно ја штитеше уставноста на нашата земја. Филипов до судот во текот на своите пензионерски денови поднесе 1.200 претставки, од кои дури 308 му биле прифатени.

Филипов беше пензиониран правник од АРМ со чин потполковник и уживаше голема почит меѓу своите колеги. Тој пред Уставен суд ги оспоруваше Законот за лустрацијата, Законот за измените на ДДВ и многу други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top