понеделник, 23 април 2018 | Вести денес: 1 ново

Поништен конкурсот за јавни обвинители

Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ го поништи огласот за прием на 60 слушатели на почетна обука- кандидати за јавни обвинители.

– Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ на седницата одржана на 11 декември 2017 година донесе одлука за поништување на јавниот оглас на Академијата за прием на 60 слушатели на почетна обука-кандидати за јавни обвинители, објавен во Службен весник на Република Македонија од 30.08.2016 година и во дневните весници „Лајм“ и „Нова Македонија“, се наведува во одлуката објавена на веб страницата на Академијата.

Огласот е поништен, бидејќи против 41 лице од пријавените кандидати е поведена постапка од Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело „фалсификување исправа“, која се уште е во тек.

Овие кандидати конкурирале на огласот со фалсификат сертификати за англиски јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top