вторник, 23 октомври 2018 | Вести денес: 86 ново

Јелена молела за помош, и додека надлежните решавале што да прават, маж и ја убил!

Уште едно убиство и самоубиство ја потресе Србија викендов. Владан Грдановиќ (37) од селото Лучица недалеку од Пожаревац, ја уби својата сопруга Јелена (37) во петокот со повеќе убоди од нож, а потоа седнал во автомобилот и се упатил кон блиската обиколница, каде намерно поминал во спротивната лента во моментот кога во пресрет му идел камион, предизвикал намерен судар и загинал на лице место.  За тоа време групата за координација и соработка во врска со спречување на семејното насилство го разгледувала случајот на двајцата сопружници и насилството кое Јелена го пријавила два дена претходно.

-Таа го пријавила насилството на полицијата во Пожаревац два дена претходно, меѓутоа полицискиот служеник на Владан не му одредил некоја од итните мерки. Дури подоцна полицаецот го пријавил  случајот на центарот за социјална работа, а социјалните работници излегле на терен на 14 декември за да направат проценка на ризик од насилство. На тој состанок тие утврдиле дека постои ризик од насилство, меѓутоа дури еден ден подоцна за нивниот случај бил закажан состанокот на координациона група – рекол соговорник запознаен со случајот.

Додека се одржувал состанокот, Владан ја убил својата сопруга Јелена.

Мртвата Јелена ја пронашла свекрвата Светлана, која отишла да ги посети зошто не се јавувале на телефон. Иако помислила дека снаата и синот отишле во Центарот за социјална работа, кој го посетувале поради проблеми во бракот, таа не претчувствувала дека се случило нешто лошо.

Инаку, Владимир и Јелена по 12 години брак западнале во криза – сопругата барала развод, додека мажот се противел на тоа, зошто не можел да си го замисли животот без синот и жената.

Полициската истрага и резулатите од обдукцијата ќе утврдат што се случило во домот на семејството Грдановиќ таа ноќ. Епилогот е двајца мртви, а нивниот син е сираче.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top