вторник, 23 октомври 2018 | Вести денес: 86 ново

Петре се смилува, Скопје ќе има барем елка за Нова година

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, на социјалните медиуми објави дека на 18 декември (понеделник) во 19 часот, на Плоштад Македонија ќе се осветли големата новогодишна елка, тој ги повика граѓаните сите заедно да ја почувствуваат радоста за претстојните празници.

Осветлувањето на новогодишната елка ќе биде пропратено со ангелските гласови на хоровите од средните училишта во град Скопје, а под диригентска палка на Јасмина Беличанец. Учество ќе земат следните училишта: Средно медицинско уличиште „Д-р Панче Караѓозов”, СУГС Гимназија „Јосип Броз – Тито”, СУГС Гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин”, СУГС Гимназија „Орце Николов”, СУГС Гимназија „Никола Карев”, СУГС Гимназија „Марија Кири Склодовска”, СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен”, СЕТУ „Михајло Пупин”.

Дефинитивно прослава на новогодишната ноќ нема да има, еве што ќе се случува во последните денови од 2017 година во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top