понеделник, 23 април 2018 | Вести денес: 1 ново

Руни прв пат за скандалот: Направив глупава грешка и ги разочарав моите деца

Поранешниот англиски капитен, Вејн Руни првпат отворено зборуваше за скандалот со неговото апсење поради возење во алкохолизирана состојба, признавајќи дека се работи за „глупава грешка“.

Во септември, играчот на Евертон беше уапсен во Чешајр додека возеше „Фолксваген буба“ во 2 часот наутро, откако вечерта ја помина во „Бабл рум“ барот во Вилмслоу во друштво со Лора Симпсон, додека неговата бремена сопруга беше надвор од земјата. Шпекулациите велеа дека тој ја изневерил својата сопруга, а Симпсон стана мини-селебрити во британските таблоиди.

32-годишниот Англичанец по ова беше осуден да врши јавна работа (која ја завршува во локалниот центар) и возачката дозвола му беше одземена на две години. Напаѓачот кој ја врати формата и има 9 гола во Премиер лигата оваа сезона, признава дека го разочарал своето семејство.

„Понекогаш грешиш. Кревам рака. Јас направив грешка. Знаев дека е глупава грешка и дека морам да одам понатаму. Имам деца и не е убаво да гледаат такви работи. Сакам да научам од моите грешки“, вели Руни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top