четврток, 19 април 2018 | Вести денес: 83 ново

Ракометарките на Франција се нови светски шампионки

Ракометарките на Франција станаа нови светски шампионки, откако во финалето на 23-тото Светското првенство во Германија, го совладаа актуелниот европски и досегашен светски првак Норвешка со 23-21 полувреме 11-10.

Финалниот меч донесе борбен и докрај неизвесен меч во кој двете репрезентации имаа свој период на игра.

Норвежанките во првиот дел имаа предност од три гола, но на паузата Французинките заминаа со гол позитива (11-10).

И во вториот дел се играше во ист стил. Франција во 37.минута водеше до 15-12,по што уследи серија на Норвежанките од 62-, за водство во 48.минута од 18-17.

Сепак француските репрезентативки бргу ја вратија предноста во своја полза која до крајот на мечот Норвежанките не успеаја да ја анулираат па на крајот „Триколорките„ заслужено се радуваа на победата со конечни 23-21.

За Франција ова е второ злато на Светските првенства откако беа најдобри на Мундијалот во Хрватска во 2003-година.

Во дуелот за бронза Холандија ја совлада Шведска со 24:21.

Со што Холанѓанките трет пат во низа освојуваат медал на големите натпреварувања, по среброто на Мундијалите во Данска пред две години односно среброто на ЕП лани во Шведска.

Следното Светско првенство е по две години во Јапонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top