четврток, 19 јули 2018 | Вести денес: 111 ново

Во Македонија мора да се почитуваат законите!

На протестот на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда пред граѓаните се обрати Марија Андоновска. Таа им се заблагодари на граѓаните кои секој ден се на овој собир.

-Јас знам дека и вие како и јас секој ден трпите разни притисоци, закани, уцени, но и покрај се вие не се откажувате и тука сте на овој собир. Затоа сте вие моите македонски јунаци на кои што јас им се поклонувам. Вие сте мојата верба и вербата на илјадници Македонци дека Македонија ќе опстои, Македонија ќе остане Македонија, изјави Андоновска.

Таа вечерва констатираше дека во Македонија повеќе не постои правда.

-Република Македонија не е повеќе демократска земја, во Македонија владее хунта која сее страв, сее терор. Хунта која што ги разнебитува македонските национални интереси, води антидржавна политика и брутално се пресметува со полтичките неистомисленици. Истата таа хунта директно влијае врз македонскиот правосуден систем, да носат одлуки онакви какви што наметнува и какви што и одговараат единствено на хунтата, изјави Андоновска.

Таа им порача на чесните судии да се оттргнат од хунтата, да донесат чесна одлука и да не дозволат еден ден нивните внуци да се срамат во нив, порача дека во Македонија мора да се почитуваат законите.

-Сите ние мораме да останеме единствени и сплотени, зошто тоа е единствениот начин нашиот отпор да биде силен, тоа е единствениот начин да опстане Македонија. Вечерва сме овде за Македонија, вечерва сме овде да ги поддржиме уставобранителите, вечерва сме овде за Дурловски, за Дамовски, за Мукоски, за Пешевска, за Чавков, за Василевски, за Арнаудов, изјави Андоновска.

Таа кажа дека се овде и за сите други неправедно уапсени Македонци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top