вторник, 17 јули 2018 | Вести денес: 62 ново

Што е криотерапија и зошто треба да се практикува?

Во минатото древните народи ги препознаваа аналгетските карактериски на студеното, па со ќесички полни со мраз и ладни облоги ефикасно ги острануваа болките и воспаленијата. Таквата терапија се применува и денес, така што на одредени делови од телото контролирано се замрзнуваат течните криогени.

Доколку се повредите, криотерапијата е доста ефикасна доколку мразот се употреби веднаш после повредата. Ладното ги стеснува крвните садови и ја собира кожата, намалувајќи го заморот на ткивата. Откако ќе ја отстраните ладната облога, крвните садови се прошируваат и пропуштаат големи количини на крв. На овој начин се зголемува протокот на супстанциите кои придонесуваат за побрзо задравување на повредените мускули.

Оваа терапија е успешна за лекување на брадавиците, а со постојаното замрзнување најлесно се отстрануваат брадавиците кои се на површина, што не е случај со длабинските.

Мразот исто така се употребува и за убавина, односно тој е “убиец” на целулитот. Мразот ја подобрува циркулацијата, го забрзува метаболизмот и лимфниот тек, така што се отфрлаат токсините и масните наслаги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top