среда, 24 јануари 2018 | Вести денес: 0 ново

Гериз: Драг мој Петре Шилегов, што корист имаш ти од глупирањето на шефчето твое?

,,Драг мој Петре Шилегов. Ја прочитав реакцијата на шефот на твојот кабинет, Никола Наумовски, на мојата колумна во саботен „Слободен печат“. Тоа е колумна во која само некое човечуле со трамповска логика може да види непријателство или лоша мисла. Но, децата не би биле деца, нели, кога понекогаш не би биле злобнички и здодевни…
Јас, со чисто срце и навистина со добра волја, како човек што влијае (и ќе влијае и во иднина) врз јавното мислење многу повеќе од шефчето твое, напишав што напишав. Со Никса, се разбира, немам намера да се расправам. Кога ќе имам и јас еден ден кабинет и шефче, ќе му дадам таква задача. Да си поигра малку и да си ги заработи парите.
Сега за сега, од едната страна си ти, градоначалнику мој, за кого и јас малку навивав во кампањата (да не би да си заборавил?) и за кого гласав, а од другата страна сум јас, кого шефчето твое и неговите другарчиња, поради некои свои причини, го мразат и го хејтаат каде што ќе стигнат. Што корист имаш ти од ова глупирање и каков есап сте направиле заедно (ако воопшто сте направиле), мене навистина не ми е јасно. Но, голем си, Петре, си знаеш. Од моја страна кон тебе, no hard feelings-“-напиша исто така на својот Фб профил новинарот и главен уредник на Слободен Печат, Бранко Героски.

Претходно, шефот на Кабинет на градоначалникот на Скопје, Никола Наумоски, препознавајќи се во една од колумните на новинарот Бранко Героски, по пат на социјалната мрежа ФБ, му одговори, неформално, на критиките дека – ,,некои деца си играат политика“.

,,Чаплин ми се чини имаше еден филм кај што работеше ко стаклар и одеше по град тајно кршејќи прозорци и нудејќи поправки отпосле… Така и Геро, ќе си објави крајно манипулативен наслов, ќе го извади од контекст, ќе си смисли нови зборчиња за да му звучи боље, ќе крене голема бука, ќе го распламти огнот… и после ќе пишува колумни како се гаси оган и како се води држава генерално.

У колумните има навика уште во првиот параграф да каже дека не мисли ништо лошо. По правило, он е пријател со сите политичари, без разлика на боја и дали тепале новинари, па критиките не се насочени кон нив (неговите соборци од улиците), туку кон децата кои си играат политика во нивно име (нема појма кои се, тоа се некои нови дечки испилени пред 2-3 месеци, со нив не мерел улици…). Се сеќавам дека ваквите стакларски услуги ги понуди во колумна објавена 15 минути по неуспешниот референдум за ГТЦ, каде повторно вината ја посочи кон децата, а не кон своите другари политичари (за кои одувек имал високо мислење, не знам дали спомнав!)“-напиша Наумоски, кој изминатите неколку години стана познат во дел од јавноста како граѓански активист, кој често ги критикуваше локалните политики и протестираше на граѓанските протести организирани преку социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top