вторник, 23 јануари 2018 | Вести денес: 0 ново

Најздрав пијалок кој го топи салото: Ги симнува килограмите додека спиете

Популарниот американски доктор смисли ефикасен начин кој придонесува во борбата со килограмите.

Доктор Оз многу често ги фали благодетите на зелениот чај, посебно кога станува збор за чистење на организамот и одржување на виталноста.

Ова е неговиот рецепт:

1 литар вода

5 ќесични зелен чај

1 портокал

свежо нане (една рака)

Подготовка: Во литар жешка вода додадете ги вреќичките чај. Оставете ги три минути. Чајот нека се олади. Портокалот исечкајте го на парчиња. Користете непрскан портокал, за да го сечете нелупен. Ако немате таков, излупете го, но оставете ја белата кора. Во голем бокал сипајте го чајот, а потоа додадете го портокалот и нането. Затворете го бокалот преку ноќ. Доволно е да испиете пола литро на ден.

Доктор Оз овој пијалок го препорачува пред секое јадење.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top