недела, 21 јануари 2018 | Вести денес: 120 ново

Овие симптоми укажуваат на рак на грлото на матката

Ракот на грлото на матката главно не дава симптоми во раниот стадиум, затоа е важно редовно да одите на гинеколошки преглед.

Иако нема јасни симптоми, телото испраќа сигнали дека во него се развива опасен тумор. Меѓутоа, овие симптоми жените често ги занемаруваат и ги сметаат за небитна работа, па токму таквиот став може да ги чини и живот.

Симптомите кои главно укажуваат на рак на грлото на матката се вагинално крвавење иако е завршен менструалниот циклус, болки во стомакот, неможност да се истрпи мокрење и крв во урината.

Исто така, на оваа болест укажуваат и болките во коските, болките во долниот дел на грбот, отекување на нозете, губење на апетитот, нагло слабеење, чувство на поспаност, нервоза и промени во текот на мокрењето, како и промена на столицата.

Најбитен вид превенција од рак на грлоо на матката е редовен гинеколошки преглед, а поголемот дел случаи ако се откријат на почетниот стадиум, се лекуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top