сабота, 20 јануари 2018 | Вести денес: 54 ново

Роби Вилијамс преживеал излив

Роби Вилијамс морал да откаже дел од концертите во септември, вклучувајќи ја и неговата турнеја во Русија.

Се зборуваше дека причината е бизарна, но сега вистината излезе на виделина и не е воопшто наивна. Лекарите му пронашле абнормалности во мозокот.

-Левата рака ми беше вкочанета и не можев да престанам да пуштам плунка и да имам главоболка. Имав проблеми со дишењето, не можев да дишам правилно, изјави Вилијамс.

Лекарите за време на истражувањето пронашле во неговиот мозок “нешто како крв”, што укажува на тоа дека пејачот доживеал излив во мозокот.

На уметникот му е пропишана една недела интензивно лекување, по што е вратен дома во Лос Анџелес. Роби призна дека е време да го преиспита својот ум за животот и повнимателно да погледне на своето здравје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top