вторник, 22 мај 2018 | Вести денес: 107 ново

Уапсен нарко-клан во Кичево, во нив имале 27 килограми марихуана

Полициската станица Кичево поднесе кривична пријава против А.А.(45) и Е.А.(47), двајцата од кичевското село Аранѓел поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

МВР информира дека на 12 декември во селото Аранѓел извршени биле претреси во домовите и други помошни простории кај пријавените, при што биле пронајдени и запленети 27 килограми и 684,6 грама марихуана.

Од страна на судија на претходна постапка определена им е мерка притвор од 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top