вторник, 23 октомври 2018 | Вести денес: 6 ново

Поради маглата некои летови на скопскиот аеродром се откажани, некои се пренасочени

Маглата која го зафати скопскиот регион предизвика проблеми во авиосообраќајот. Дел од летовите на скопскиот аеордром се откажани, а дел се пренасочуваат на аеродромите во Охрид и Приштина.

Според информациите објавени на веб страницата на скопскиот аеродром, откажани се полетувањата за Истанбул, Виена, Базел, Будимпешта и Дубаи, а реализирани се само летовите за Љубљана и Дортмунд.

На скопскиот аеродром слетале само авионите од Љубљана, а откажани се летовите од Истанбул и Виена. Летовите од Дубаи, Брисел, Лондон и Будимпешта се пренасочени кон Охрид и Приштина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top