вторник, 23 јануари 2018 | Вести денес: 0 ново

Македонец, Грк и двајца Хрвати настрадаа во жестокиот судир на „Гробарите“ (видео)

Еден Македонец, еден Грк и двајца Хрвати се повредени во жестоката тепачка што се случи на трибината на „Гробарите“ за време на српското вечно дерби меѓу Црвена Звезда и Партизан.

Немилите сцени се случиле за превласт на Јужната трибина, а во неа, како што информира српската полиција, имало и странски државјани.

Повреден е и еден Македонец, а најлошо минал Хрватот Анте Пириќ (26), кој е избоден со нож.

Според српскиот „Информер“, имало обид за „пуч“ на јужната трибина, кој бил организиран од старото раководство на некогаш најмоќната подгрупа „Алкатраз“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top